Македонскиот режисер и драматург Златко Славенски ненадејно почина денеска во Скопје. Режисерот потпиша многубројни театарски претстави, како „Соларис“, „Супернова“, „Папокот на светот“, „Бесови“, „Сината птица“, „Амадеус“, „Розенкранц и Гилденстерн“. Беше познат по неговите обиди да ги преиспитува границите на театарот како медиум.
Славенски беше редовен професор на Факултетот за драмски уметности. Тој е роден во Скопје во 1966 година.