Без разлика што мислите за Квентин Тарантино, не може да се негира дека тој е еден од највлијателните режисери на денешницата. Тој е познат по единствениот микс на насилство, комедија и впечатлива визуализација во неговите филмови.
Последниот филм во кој Тарантино го вложил своето внимание е „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once upon a time in Hollywood), кој излезе во 2019 година. Меѓутоа, тој сега работи на неговиот последен филм во кариерата.
Нема да добиеме продолжение на некој претходен хит. Тарантино ќе ја заврши режисерската кариера со филмот „Филмскиот критичар“ (The movie critic). Тарантино сам го напишал сценариото за филмот и се подготвува да започне со снимање оваа есен.
Деталите не се знаат, но се зборува дека приказната ќе биде сместена во Лос Анџелес, во 70-тите години од 20 век. Се знае и дека во фокус ќе биде женска главна улога, но не се знае кој ќе ја толкува.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија: Twitter