04.08.2019
Забава
Ресторан сместен во хеликоптер наскоро ќе полета над Лондон
Над Лондон наскоро ќе полета првиот хеликоптер кој воедно ќе биде и ресторан.
Ова е голема адреналинска гастро-новина, со која компанија за достава на храна сака да привлече богати клиенти.
Првиот ресторан во хеликоптер ќе лета на 300 метри над градот, а во текот на возењето, кое ќе трае 20 минути, гостите ќе можат да ги гледаат најпознатите градби и културни споменици во британската престолнина.
Во хеликоптерот истовремено ќе можат да летаат и да јадат најмногу пет лица. Откако ќе си одберат јадење, патниците ќе бидат известени за безбедносните услови, а штом ќе стигне храната, хеликоптерот ќе полета и ќе тргне.
Доколку сето ова доживее успех во Лондон, можно е овој вид на услуга да се прошири и во Сиднеј, Хонгконг и Единбург.
Подготвил: Билјана Арсовска