X
 08.04.2021 Живот

Венеција ги користи своите такси-чамци за да ги вакцинира жителите од изолираните области

Во Венеција почна вакцинацијата против коронавирусот на такси-чамци за лица на возраст над 80 години.

Познатото вапорето со необична црвена боја сега стои на местото каде што обично стојат бродови за туристи, додека граѓаните тивко го чекаат својот ред за вакцинација.

Овие чамци обично се полни со туристи, но сега играат клучна улога во борбата на Италија против пандемијата. Сега се користат како пловечки центри за вакцинација за да стигнат до старите лица што живеат на островите во регионот, кои инаку не би можеле да стигнат до здравствените установи.

- Овде ќе ги вакцинираме луѓето што имаат проблеми со подвижноста. За да ја понудиме оваа услуга, регионот Венето ги опреми „водните автобуси“ за на луѓето да им даде можност да ја примат вакцината - вели Едгард Контато, директор на Локалната здравствена управа во Венеција.

Во понеделникот околу 100 стари лица што живеат на стариот остров Сант Еразмо очекувале вакцина, како што Италија ја продолжува борбата против Ковид-19.

За време на велигденскиот викенд земјата воведе тридневно заклучување откако забележа 20.000 нови случаи на ден, додека бројот на починати надмина 110.000.

Извор: Newseu.cgtn.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот