Еден брачен пар се возел во Јужна Каролина кога се појавило торнадо.
Стефани и Марк Кокран се возеле низ Алендејл кога пред нив се создало силно невреме. Тие буквално поминале низ торнадото кое носело сè пред себе. Во текот на возењето се скршил едниот ретровизор на автомобилот, но никој не бил повреден.
Локалните власти соопштиле дека во торнадото биле повредени три лица, а биле оштетени повеќе куќи.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay