X
 26.12.2023 Живот

Илјадници мигранти се упатија кон границата со САД

Голем број мигранти од Централна и Јужна Америка се преселуваат од југот на Мексико кон север, каде што е границата со САД.

Над 8.000 луѓе од сите возрасти, главно од Венецуела, Куба и Мексико, одат кон север придружени со транспарент на кој пишува „Егзодусот на сиромаштијата“.

Посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Мексико Сити е закажана за утре. Блинкен сака да направи нов договор за контрола на миграцијата.

Повеќе од 2 милиона луѓе беа уапсени на јужната граница на САД во 2022 и 2023 година.

Само во септември 2023 година американската гранична контрола фати повеќе од 200.000 мигранти кои нелегално преминале од Мексико во САД, според податоците за внатрешна безбедност на САД.

Карванот тргна на католички Бадник, 24 декември, од јужниот мексикански град Тапачула, во близина на границата со Гватемала. Еден мигрант од Хондурас рече дека бега од криминална банда која му се заканувала со смрт.

- Бев исплашен, па одлучив да дојдам во Мексико со надеж дека ќе ми дозволат да одам во САД - вели Хозе Сантос.

Андрес Мануел Лопез Обрадор, претседателот на Мексико, во петокот изјави дека е подготвен да соработува со САД за да одговори на миграциските грижи.

Белата куќа во соопштението рече дека Блинкен има намера да разговара за „невидената нерегуларна миграција“ на западната хемисфера и да ги одреди начините на кои двете земји ќе се справат со предизвиците на граничната безбедност.

Извор: ВВС
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот