X
 05.02.2019 Живот

Тинејџер се обидел да украде авион за да оди на концерт

Тинејџер од САД пред неколку дена е осуден на пет години условна казна и парична од 1.000 долари бидејќи сакал да украде авион од компанијата „Американ Игл“ од аеродромот во сојузната држава Арканзас.

Причината зошто тинејџерот сакал да го украде авионот е раперот Фејмуз Декс. Имено, момчето сакало да стигне на неговиот концерт во Илиноис.

Кражба на авионот е планирана еден месец однапред. Храбриот тинејџер ја прескокнал оградата на аеродромот и се затрчал кон леталото. Обезбедувањето го забележало уште додека ја прекачувал оградата, но го фатило дури кога влегол во авионот, поточно во пилотската кабина.

Момчето немало искуство за летање и не знаело што треба да направи откако ќе влезе во кабината.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот