Градот Петалума се наоѓа на околу 65 километри од Сан Франциско. Овој град, како и други во САД, се соочува со проблеми поврзани со климатските промени, меѓу другото, и криза со снабдување со вода.
Меѓутоа, за разлика од повеќето други градови во Калифорнија, Петалума презел драстични мерки за борба против климатските промени. Минатиот март тој станал првиот град во САД што ја забрани изградбата на нови бензински станици.
Промената почнала во 2013 година, кога мештаните протестирале против изградбата на голема бензинска станица во близина на основно училиште. Во Калифорнија изградбата на училишта во близина на бензински станици е забранета, но немало закон кој ги спречувал компаниите да градат бензински станици блиску до училишта.
Локалните власти вовеле привремен мораториум во 2019 година, што било основа за подоцнежната целосна забрана за изградба на бензински станици. Во градот остануваат 16 бензински станици кои се доволни за жителите, но изградбата на нови е забранета.
Градот има цел да стане јаглеродно неутрален до 2030, пет години пред целта на сојузната држава.
Извор:
Independent
Фото: Pixabay