На пат кон Земјата е ретко геомагнетно невреме. Тоа може да ги наруши комуникациските сигнали, да предизвика проблеми со електрониката и друго.
Настанот, кој се наоѓа веднаш под категоријата на сончево невреме започнало вчера според Центарот за предвидување на вселенски невремиња на Американцката океанска и атмосферска администрација.
Невремето е последица на два различни изливи во короната на Сонцето од 15 март, кои сега се во контакт со земјината атмосфера и нејзиното геомагнетно поле. Имено, изливите веројатно се споиле, што ја објаснува јачината на геомагнетното невреме.
Изливите се магнетни облаци исфрлени од Сонцето со голема брзина и тие може да ги нарушат комуникациските мрежи и ГПС-сигналите на Земјата, помеѓу другото.
Засега не биле забележани поголеми вакви нарушувања, но биле забележани повеќе појави на аурора бореалис на северот на САД, што е необично. Вселенското невреме очекувано предизвикува почести појави на аурора бореалис.
Ваквите невремиња се појавуваат речиси 100 пати на секои 11 години. Невремето нема да биде со таа јачина која научниците ја најавуваат со години, која би предизвикала хаос во електрониката и комуникациите на Земјата.
Последниот таков настан се случил во 1859 година, а во 2012 година замалку одбегнавме сличен.