Што се случува кога човек е застрелан? Како би можеле да го спасите тој човек или да се спасите себеси?
Што му прави куршумот на телото?
Сигурно знаете дека куршумот може да навлезе прилично длабоко во телото на човекот. Освен дупката која куршумот ја прави, многу поголема штета се случува внатре, во телото.
За почеток, кога куршумот влегува во телото, телото апсорбира голем дел од динамиката која ја носи куршумот. Куршум од 9 милиметри патува со брзина од околу 1.400 километри на час. Динамиката која ја носи со себе мора да оди некаде, па така куршумот ја пренесува во телото, предизвикувајќи да се прошири и да се создаде голема празнина. Тој тремор може да предизвика сериозна штета на органот или ткивата.
Откако куршумот ќе го расцепи телото, судбината ја фрла коцката. Човек може да преживее, меѓутоа најмногу се сведува на тоа по кој пат ќе оди куршумот. Треба да знаете дека и пукањето во нога или рака може да убие.
Зошто? Најмногу поради губењето на крвта. Ако куршумот ја удри брахијалната артерија во раката или билатерална ингвинална артерија во препоните или субклавијална артерија, тогаш човекот ќе се соочи со масовно крвавење. Мускулите имаат вграден одбранбен механизам за спречување, меѓутоа тоа не е доволно кога имате внатрешна загуба на крв предизвикана од куршум.
Другата опасност е оштетување на органите, што доведува до нивно откажување. Ако куршумот погоди витален орган, тој ќе го распарчи исто како надворешното месо. Освен тоа, куршумите можат да ја променат насоката откако ќе навлезат во телото, што значи дека куршумот може да погоди повеќе од еден орган. Што значи дека е возможно човек да преживее доколку е погодени од куршум. Всушност, може да преживее ако е погоден и од повеќе куршуми. Не е важно колку се, важно е каде одат.
Што можете да направите ако некој околу вас е застрелан?
Постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ги зголемите шансите за преживување. Многу луѓе се обиделе да го опишат чувството кога ќе примат куршум - некои го опишуваат како интензивно чувство на печење, а други како остра болка која трае минута. Се разбира, многу луѓе велат дека најлошиот дел е кога ја чувствуваат сопствената топла крв низ целото тело.
Ако видите дека некој е застрелан најдобро е да се јавите во брза помош. Потоа, треба да се обидете да го запрете крварењето. Запомнете, загубата на крв е најчестиот виновник за смртта на застреланите жртви.
Ако има
отворена рана во градната празнина, важно е да се спречи навлегување на воздухот - во спротивно жртвата би страдала од пневмоторакс или колапс на белите дробови.