X
 08.05.2017 Живот

Студент дизајнирал облакодер кој со 3Д печати сопствени станови

Малезиски дипломиран студент смислил градежна рамка која создава нови станови, па наместо да се купи постоечки стан во облакодер, замислете самите да дизајнирате, а производството да биде од ништо.

Pod Vending Machine“ е рамка за облакодер со огромен 3Д печатач на врвот. Дизајнирате стан, врз основа на серија дизајни, креирајќи го станот соба по соба. Објектот би бил релативно мал, а потоа колку што е потребно се зголемува. Кога нов стан ќе биде изграден, низа кранови ќе се вметнат во градежната рамка.
Името на студентот е Хасеф Рафиеи, кој учел на „Manchester School of Architecture“. Ја дизајнирал зградата за да помогне во борбата против отпадот во градежната индустрија.

Се поставуваат прашањата како централната инфраструктура на зградата ќе функционира? Колку варијацијата ќе биде дозволена во обликот и големината на станот? Како ќе се одржуваат електричната енергија, водоснабдувањето и слично. Иако изгледа како интересна идеја, сепак постојат и неодговорени прашања кои се важни.

Зградата очигледно била замислена да биде дел од Токио, со оглед на тоа дека градот имал слична архитектонска естетика во 60-те наречена „Metabolist Movement“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот