X
 08.05.2018 Уметност

Победниците на подводниот фотонатпревар од 2018 година

Вашиот инстаграм-профил покажува прилично неверојатни фотографии. Но сè што е потребно е да ги погледнете победниците на фотонатпреварот за подводни фотографии за да се потсетите дека професионалците навистина знаат да си ја завршат работата.

foto
Фото: Man BD/UPY

Откако започна во 2014 година, британскиот натпревар за фотограф на годините за подводни фотографии ги претстави прекрасните дела на голем број меѓународни фотографи. Оваа година се натпреваруваа повеќе од 5.000 фотографии во 11 различни категории: широк агол, макро, бродолом, однесување, портрет, црно-бело, компактни, up & coming, британски води - широк агол, британски води-компактни.

Победникот на овогодишниот натпревар е германскиот фотограф Тобијас Фридрих. Неговата фотографија ги прикажува воените возила од Втората светска војна во потонат брод во Црвеното Море. За ова дело тој ја доби првата награда, 5.000 долари ваучер за „Наутикам“.

Погледнете ја победничката фотографија, а и другите победници во категориите.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност