„Гугл“ најави дека од 25 јуни годинава ќе биде достапна доверлива верзија на сите „G Suite“ домени.
Со помош на доверливата верзија ќе можете да испраќате електронска пошта која примателите нема да можат да ја печатат, копираат, преземаат или препраќаат. Преку доверливата верзија можете да побарате и примателите да мора да користат СМС-код за да пристапат до содржината на пораките што им ги испраќате.
Во следното видео можете да видите како да ја користите доверливата верзија кога испраќате порака и што гледа примателот кога прима
порака во доверлива верзија.