Дел од информациите од Панама документите, огромна ризница на повеќе од 11 милиони документи кои протекоја го открија тајниот свет на оф-шор финансиите, сега се достапни за јавноста за прв пат. Глобалните медиумски организации се одлучија да ја објават оваа база на податоци на повеќе од 300.000 оф-шор субјекти.
Документите доаѓаат од „Mossack Fonseca“, адвокатска фирма со седиште во Панама, но со канцеларии насекаде низ светот. Анонимен извор му ги даде документите на германскиот весник „Süeddeustche Zeitung“ кој потоа ги регрутира истражувачките новинари од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари со цел да им помогнат да започнат глобална истрага на материјалот.
Во текот на изминатиот месец, медиумските организации од целиот свет ги објавија статиите со информации извлечени од весниците. Наодите открија оф-шор холдинзи на 12 светски лидери, повеќе од 128 политичари и голем број на даночни затајувачи, трговци со дрога, перење на пари и други криминали. Откритијата предизвикаа протести, апсење и доведоа до оставки, вклучувајќи го и премиерот на Исланд.
Базата на податоци вклучува речиси 214.000 ентитети од Панама документите во опсег од 40 години, од 1977 до 2015 година. Онаму кадешто е достапно, базата на податоци ги открива имињата на вистинските сопственици на оф-шор компаниите, фондовите и фондациите. Овие информации обично се скриени од јавноста.
Базата на податоци исто така вклучува информации за посредници, како што се банките и правните фирми кои обично биле контакт помеѓу „Mossack Fonseca“ и вистинските сопственици на оф-шор компаниите. Податоците покажуваат регистрирани адреси за компаниите и врските помеѓу правните лица, сопствениците и посредниците и овозможува да филтрирате по земја или јурисдикција.
Базата исто така вклучува информации за повеќе од 100.000 дополнителни оф-шор ентитети, кои беа откриени во друго протекување на оф-шор документи опфатени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари во 2013 година.
Документите можете да ги пребарувате ТУКА.