X
 08.05.2021 Живот

Се продава првото шише вино што престојувало во вселената

Шише француско вино што поминало 14 месеци на Меѓународната вселенска станица моментално е на продажба.

Шишето „петрус 2000“, направено од грозје од регионот Бордо, поминало во орбитата како дел од приватно финансирано истражување за храна и земјоделство.

Ова вселенско вино - всушност 12 шишиња мерло „петрус 2000“, поминало 438 дена на Меѓународната вселенска станица, каде што неверојатно дисциплинираните астронаути се воздржале од пиење. Виното кружело околу Земјата многу пати, било подложено на неизвесните ефекти на микрогравитацијата и космичкото зрачење и се врати на Земјата на 14 јануари 2021 година со капсулата „Спејс екс драгон“.

вино
Фото: Christie's Images Ltd.2021

Научниците и група дегустатори го анализирале виното во март на Универзитетот во Бордо, за да го спореди со старо вино на Земјата.

Аукциската куќа ја проценува продажната цена на шишињата на 1 милион долари.

Извор: ВВС
Фото: Christie's Images Ltd. 2021
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот