X
 29.04.2015 Образование

Нема договор од денешната трета средба со МОН и средношколците

По денешната трета средба помеѓу претставници на средношколскиот пленум и МОН и преговорите кои се водат околу барањата, не е постигнат договор.


Бојкотот продолжува и понатаму а со тоа и преговорите помеѓу средношколците и МОН се уште траат.

    „Не сме задоволни од денешниот тек на разговорите, бидејќи единствено што ни понудија беше формирање на работни групи, а ние дојдовме со готови предлози“, велат претставниците на Средношколскиот пленум.

Тие стојат цврсто на ставот дека ако не може да се подобри сегашниот начин, тогаш да си остане стариот концепт за полагање матура.

Ниту предлозите на средношколците за екстерното полагање не биле прифатени од министерот Адеми и заменик министерот Ристовски.

Средношколците во понатамошните преговори со МОН, ќе бараат мониторинг од Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Детската амбасада Меѓаши, заради како што велат, да се заштитат од можни манипулации.

Пред неколку минути пристигнаа и средношколците од Охрид и се придружија на кампот спроти зградата на МОН, пренесуваат од А1он

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование