Неделава беше објавен извештајот по извршената ревизија на успешност во врска со ефикасноста и организирањето на услугите за сместување во студентските домови во земјава, во што се вклучени нивната состојба, опременоста, раководењето, кадровската опременост, финансиските средства и мерките и активностите за подобрување на квалитетот на услигите за сместување во студентските домови.
Ревизијата на успешност беше извршена согласно Законот за државната ревизија и Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2014 година на тема: „Ефикасност на мерки, политики и проекти за подобрување на квалитетот на услугите за сместување во студентските домови во Република Македонија“.
Накратко, закчучокот се состои од следните утврдени потреби:
- потреба од сеопфатна анализа за утврдување на реалната состојба во која се наоѓаат студентските домови во РМ, потребите, барањата и приоритетите на секој студентски дом поединечно;
- ненавремено донесување на подзаконските акти, потребни за напречено функционирање на студентските домови, квалитетно вршење на дејноста од јавен интерес во јавните установи кои управуваат со студентските домови и врз ефективното и ефикасното спроведување на Законот за студентски стандард;
- потреба за евидентирање на градежните објекти, зградите, посебните делови од згради и посебните објекти во кои функционираат државните студентски домови во имотни листови;
- воведување на регистар на студентски домови за формирање база на податоци за сите студентски домови во земјата;
- разгледување на можноста за распишување отворен конкурс за прием на студенти за да се намалат роковите предвидени за спроведување на секој засебен конкурс;
- потреба од дефинирање на постапката на сместување во студентските домови и документите кои се користат во процесот;
- дефинирање на јасни и конкретни процедури, мерки и санкции за поголема грижа на објектите;
- предлог за воведување на софтвер за евиденција на студенти;
- подобрување на квалитетот на услугите за сместување во студентските домови во Република Македонија.
Згора на тоа, се препорачува поголема комуникација и соработка помеѓу МОН и државните студентски домови; зајакнување на контролите на активностите поврзани со сместувањето во студентските домови; преоценување на начинот на финансирање за државните студентски домови.
„Фактор“ објавува дека студентските домови се во долгови, додека студентите спијат во уништени соби. Имено, во текот на 2013 и 2014 година студентскиот дом „Скопје“ имал долг од 4,4 милиони евра, домот „Пелагонија“ имал долг од 400 илјади евра, „Кочо Рацин“ должел 51 илјада евра, додека „Никола Карев“ во Охрид должел 34 илјади евра.
Забележани се и незаконитости врз основа на делењето на собите во студентските домови. Имено, дел од студентските домови не сместувале бруцоши, иако законски се обврзани да примат 20% бруцоши.
МОН со одговор
Министерството за образование и наука достави одговор на извештајот, во кој најавува преземање мерки за подобрување на квалитетот на услугите за сместување во студентските домови.
„Активностите за донесување на преостанатите подзаконски акти согласно Законот за студнтскиот стандард, ќе се реализираат. До крајот на јануари 2015 та година ќе се достават известувања до сите студентски домови за планираните средства од Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2015 та и истите ќе се достават на увид. Во текот на оваа година Министрството во соработка со студентските домови ќе превземе мерки и активности за унифицирање на целокпупната подзаконска регулатива“, пишуваат од МОН.
РЕАКЦИЈА ОД МОН
Со цел правилно запознавање на јавноста со состојбите, би
сакале да информираме дека Министерството за образование и
наука од 2006 година досега во насока на подобрување на условите
во постојните студентски домови, како и за изградба на нови
сместувачки капацитети, инвестираше 250 милиони денари.
Да потсетиме дека за прв пат, по неколку децении во 2014
година изградени се нови објекти во состав на студентскиот дом
“Стив Наумов“, за што се инвестирани 103 милиони денари.
Во меѓувреме започна и во тек е етапната реконструкција на
студентскиот дом “Гоце Делчев“, за што во оваа прва фаза,
која опфаќа целосна обнова и опремување на блок Б, ќе бидат
инвестирани 76 милиони денари.
По однос на сместувањето, односно начинот на распределба
на леглата, би сакале да известиме дека по нотирани сугестии во
извештаи од претходни календарски години, во текот на 2013,
по цели 14 години Владата на Република Македонија изготви, а
Собранието усвои целосно нов Закон за студентски стандард, во
насока на обезбедување максимална транспарентност и правичност
во распределбата на студентските легла по категории на студенти,
со посебен акцент и предност на студентите кои потекнуваат од
социјално ранливите семејства.
Расположливите легла во домовите, вклучувајќи ги и оние
студентски домови кадешто бројот на легла во периодот од една
до друга академска година е зголемен поради инвестирање во
санација, односно преадаптација на простории во кои условите
претходно не биле на соодветно ниво, се распределени согласно
законските и подзаконските акти.
Дополнително, согласно позитивните правни прописи,
20% од леглата се наменети на студенти – бруцоши, како што е
наведено и во објавениот прилог. Но, искуствата покажуваат дека
во дел од студентските домови, бројот на пријавени бруцоши
за добивање легло е помал од предвидената квота за нив, така
што, секогаш се примаат онолку колку што и се пријавиле и
ги исполниле условите и критериумите за сместување. Бројот
на останатите слободни места се пополнува со студенти од
погорните студентски години, исто така, согласно законските и
подзаконските акти.
Извештаите, односно ранг листите за примените студенти
секогаш се објавуваат на интернет страницата на министерството
и на огласните табли во студентските домови, така што секој
апликант може да погледне како е одлучено по однос на неговата
апликација, а со поднесување на приговор во случај на негативен
одговор, може да се направи и увид по однос доделените поени
согласно критериумите. Забелешката на Државниот завод за
ревизија, за додавање на бројот на освоени бодови за секој студент
на ранг листата е прифатена од Министерството за образование
и наука и истата ќе се применува при изготвувањето на секоја
наредна ранг листа по однос на конкурс за прием на студенти во
студентските домови. Сепак, тоа не значи дека во претходните
години распределбата не леглата се вршела спротивно на
законските одредби.
По однос на објавениот податок во прилогот, кој е нотиран
и во ревизорски извештај, а се однесува на утврдени разлики во
бројот на распределени легла евидентирани во извештаите на
комисиите и конечните листи во организационите единици, би
сакале да информираме дека вакви разлики се појавуваат речиси
секогаш имајќи во предвид дека дел од студентите коишто се
примени во домовите и се наоѓале на ранг листите, од било какви
причини не го искористиле правото за сместување.
Уверуваме дека Министерството за образование и наука и
понатаму останува посветено на студентите и унапредување на
студентскиот стандард како еден од приоритетите дефиниран во
програмата за работа.