Има нешто во Јупитер што ги хипнотизира тие што го гледаат. Неговите комплексни и импресивни облаци се визуелна репрезентација на законите на природата од кои е тешко да се оддалечиме.
И иако сондата „Јунона“ е на Јупитер речиси три години и има испратено илјадници фотографии од облаците на гасовитиот џин, изгледа дека сепак не можеме да се наситиме.
Кевин М. Џил е софтверски инженер во НАСА. Тој ја создал оваа прекрасна фотографија од Јупитер од четири фотографии направени со камерата на „Јунона“, „ЈуноКам“.
Фотографиите биле направени на височина помеѓу 8.600 и 18.600 километри над највисоките точки на облаците околу Јупитер.
Орбитите на „Јунона“
Фото: Science Alert
Дел од мисијата на „Јунона“ се врти околу „ЈуноКам“. Камерата не е дел од научните инструменти на леталото, туку беше вклучена само за ние, обичните луѓе, да можеме да зјапаме во
Јупитер.
Од НАСА ги постираат сите фотографии од „ЈуноКам“ на нивната страница.
Тука можете да ги погледнете.
Фото: NASA
Кевин има и други прекрасни фотографии, не само од Јупитер, туку и од други вселенски објекти.
Тука можете да ги погледнете неговите дела.
Фото: NASA