„Ејрхелп“, компанија која се залага патниците да примат отштета од авиокомпаниите во случај на доцнење или при откажување на летовите, секоја година објавува листа со најдобри и најлоши авиопревозници и аеродроми во светот.
Своите процени ги темели на три клучни фактори: дали доцнат летовите, каков е квалитетот на услугата и како се однесуваат и колку брзо реагираат на приговорите на патниците. За аеродромите критериумите се слични, а вклучени се и варијабли за тоа како се чувствувале патниците престојувајќи на одреден аеродром.
Фото: Alamy
Ова е листата со 10. најдобри авиокомпании на светот за 2018 година:
1. Катар ервејс
2. Луфтханза
3. Етихад ервејс
4. Сингапур ерлајнс
5. Саут Африкан ервејс
6. Остријан ерлајнс
7. Аеган ерлајнс
8. Куантас
9. Ејр Малта
10. Вирџин Атлантик
Од вкупно 72 компании, на последно место се најде ВОВ Ејр, исландски нискобуџетен авиопревозник.
- Сѐ на сѐ, најлошото искуство со летање - пишува во една рецензија на веб-страницата „Скајтрекс“, додека друг патник напишал:
- Грозно од почетокот до крајот. Никогаш не ни помислив дека една авиокомпанија може да биде полоша од Рејнејр, но ВОВ ја презеде титулата.
Ни споменатата ирска компанија немала подобри резултати и се најде на 67. место.
- Најлошата компанија со која некогаш сум летала. Доста лоши авиони, лоша услуга, чекање во редови подолго од 40 минути, летови што доцнат и сомнителните дополнителни трошоци. Немојте да летате со нив - искоментирала некоја незадоволна девојка на веб-страницата „Трастпајлот“.
Меѓу 10. најлоши се најдоа и Џет ервејс, Аеролајнс Аргентинас, Иберија, Коријан ер, Ер Мавритиус, Изиџет, Пакистан ерлајнс и Ројал Џорданијан ерлајнс.
Што се однесува до аеродромите, ова се тие што оваа година се прогласени за најдобри.
1. Аеродром Хамад интернешнл, Доха
2. Аеродром Атина интернешенл, Атина
3. Аеродром Токио Ханеда интернешнл, Токио
4. Аеродром Келн Бон, Келн, Германија
5. Аеродром Сингапур Чанги, Сингапур
6. Аеродром Нагоја Чубу, Нагоја, Јапонија
7. Аеродром Виракопос интернешнл, Бразил
8. Аеродром Аман Квин Алиа Ерпорт, Аман, Јордан
9. Аеродром Гуарарапес-Гилберто Фрејре интернешнл, Бразил
10. Аеродром Куито Интернешнл, Куито, Еквадор
Меѓу најлошите аеродроми се најдоа Париз Орли и Лондон Станстед.
Од вкупно 141 аеродром вклучени на листата, дури девет од најлоши десет се европски. Меѓу другите се и аеродром Ејденховен, Холандија; аеродром Бордо Мергинак, Франција, аеродром Единбург, Шкотска, аеродром Бориспил интернешнл, Киев, Украина, аеродром Манчестер, Велика Британија, аеродром Стокхолм Брома, Шведска, аеродром Лион-Сеинт-Егзипери, Франција. Несреќната титула за најлошиот светски аеродром за оваа година ја понесе аеродромот Кувајт интернешнл.
- Падот на скалата не е резултат на лошата работа и услугите, туку на тоа дали другите овозможуваат подобра услуга - вели Ешли Раитери, советничка во
Ејрхелп, компанијата што го спровела истражувањето.