X
 12.05.2019 Култура

Фановите на „Игра на троновите“ со интересна теорија за змејовите

Луѓето трошат многу време и енергија анализирајќи го секој детаљ од „Игра на троновите“ и измислуваат разни теории за тоа што ќе се случи. Минатата недела Регал, змејот на Денерис, беше убиен од Јурон Грејџој, оставајќи ја Денерис со последниот змеј Дрогон, откако Висерион беше претворен во зомби од Ноќниот крал на крајот од седмата сезона.

Но, најновата теорија е дека Дрогон, последниот змеј, всушност не е последен.

Како е можно?

Луѓето веруваат дека Дрогон исчезна во текот на четвртата сезона за да положи јајца и да ги заштити своите бебиња-змејови додека не пораснат. Фановите претпоставуваат дека наредната недела ќе видиме цела армија на тинејџери-змејови.

zmej
Фото: Prinstcreen/HBO

За оние што се прашуваат дали машките змејови може да положат јајца, треба да знаат дека и во книгите на Џорџ Р. Р. Мартин пишува дека сите змејови може да менуваат пол. Други, пак, ја покажуваат најавната шпица на која е претставен змеј со уште три мали змејчиња.

Последниот дел од загатката од оваа теорија е лицето на Јурон кога гледа на небото на трејлерот за наредната епизода.

juron
Фото: Prinstcreen/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура