Американската компанија „Фејсбук“ соопшти дека поради грешка во софтверот, некои приватни објави на 14 милиони корисници на оваа социјална мрежа станале јавни во текот на неколку дена од мај.
Проблемот, за кој компанијата тврди дека е отстранет, е најнов во низа скандали поврзани со компанијата во врска со почитувањето на приватноста на корисникот.
Фото: Reuters
Денес „Фејсбук“ соопшти дека софтверската грешка „баг“ во текот на неколку дена од мај ја менувала видливоста на објавите на корисниците така што опцијата со која објавата можат да ја видат само пријателите или некои од пријателите на корисниците, автоматски била променета во „јавно“, што значи дека содржината била достапна за секој.
Ерин Еган, портпаролката на „
Фејсбук“, задолжена за приватноста на корисниците, изјави дека грешката не влијаела врз претходните објави и додаде дека компанијата почна да ги известува корисниците што имале јавни постови во спорниот период за да можат да ја променат нивната видливост.