X
 08.06.2020 Образование

Песните на големата српска поетеса Десанка Максимовиќ тргнати од програмата за средно образование

Позната збирка од големата српска поетеса Десанка Макисмовиќ ќе биде отстранета од програмата за четврта година гимназија, а нејзините одбрани песни ќе бидат извадени од програмата за трета година гимназија во Србија.

Според локалните медиуми, во рамките на промената на програмата за наставата по српски јазик и книжевност во гимназиите, комисијата на Заводот за унапредување на образованието и воспитувањето одлучила да ги извади одбраните песни на Десанка Максимовиќ од трета година, а нејзината збирка „Барам помилување“ ќе биде извадена од програмата за четврта година.

Оваа одлука предизвикала негодувања од страна на писателите, критичарите, просветните работници и универзитетските професори. Од фондацијата „Десанка Максимовиќ“ реагирале на одлуката со писмо до Министерството за образование, Националниот образовен совет и Заводот за унапредување на образованието и воспитување.


Фото: Wikipedia

- Прекројувањето на книжевната историја и несомнените вредности на српскиот книжевен канон преку целокупното дело на Десанка Максимовиќ, со кое треба да се запознаат средношколците од трета и четврта година, е, благо речено, нешто што директно го погодува срцето на нашиот идентитет - изјавила Светлана Шеатовиќ, управител на фондацијата.

Десанка Максимовиќ е српска поетеса која живеела од 1898 до 1993 година. Нејзините дела се преведени на многу светски јазици, а некои нејзини песни се влезени во светски антологии. Меѓу другите награди, во 1988 таа била одликувана со „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

Извор: b92.net
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование