X
 11.07.2017 Култура

Во Србија се гради најголемиот трговски центар на Балканот

шопинг

На Видиковац започна изградбата на најголемиот шопинг-центар во Србија. „Big Fashion Vidikovac“ ќе има повеќе од 300 продавници од реномирани брендови. Се претпоставува дека изградбата ќе заврши во 2019 година, а пролетта ќе биде отворањето на овој модерен шопинг-центар.

Не само што „Big Fashion Vidikovac“ ќе биде најголемиот шопинг-центар во Србија туку и на Балканот. Се проценува дека во него ќе има 3.000 вработени, а вкупната инвестициска вредност е 150 милиони евра.

За неверојатната големина на овој проект зборуваат и следните бројки: вкупната површина на овој центар ќе биде 120.000 квадратни метри, додека просторот за продавниците ќе зазема 70.000 квадратни метри. Повеќе од 2.500 паркинг-места ќе бидат во рамките на центарот.

видиковац

Освен продавниците, шопинг-центарот ќе нуди и доста забавни содржини. Идејата е ова да биде место каде што цело семејство ќе може да го помине денот. Со тоа, во рамките на комплексот ќе има забавен парк, кина, ресторани итн.

„Big Fashion Vidikovac“ ќе биде објект на две нивоа. Продавниците ќе бидат комбинирани, па така освен оние поскапите брендови, ќе има и продавници со пристапни цени и широк асортиман на производи.

За изградбата на центарот е задолжена компанијата „Big Ceе“ од Србија, која е дел од компанијата „Big Shopping Centers Israel“. Оваа израелска компанија раководи со многу светски шопинг-центри, поточно со 58.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура