X
 20.07.2020 Образование

МОН објави каде може да се искористат ваучерите за дигитални вештини

Министерството за образование и наука ја објави листата со даватели на обуки за дигитални вештини и обуки за дигитални вештини.

Минатиот месец беа донесени три уредби за помош на средношколци, студенти и младинци до 29 години. Една од уредбите беше за ваучери од 30.000 денари за лица до 29 години, кои може да се искористат за подобрување на дигиталните вештини.

Тука можете да ја видите листата со сите даватели на дигитални вештини на која е наведено и во која општина се наоѓа давателот, каков вид обуки нуди, колку часови има одредена обука, колку чини и колку слободни места има за неа. Исто така, ставени се и линкови на кои можете да се информирате за секоја обука.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование