X
 08.06.2022 Образование

Синдикатот на УКИМ бара итна средба со Владата

Синдикатот на УКИМ бара од Владата во најкус можен рок да одржат средба на која ќе се разговара за зголемување на платите на вработените и потпишување Колективен договор.
– Се надеваме дека, како и за другите професии и дејности во државата на кои значително и неколкукратно им беа покачени платите, Владата ќе покаже разбирање и подготвеност за потпишување на нашиот колективен договор, со што ќе се обезбеди достоинствена плата за вработените на УКИМ. Во спротивно, ќе бидеме принудени да организираме протести пред Владата за заштитата на правата и стандардот на вработените на УКИМ - вели претседателот на Синдикатот на УКИМ, проф. д-р Ангел Ристов.

За состојбата на УКИМ, Синдикатот ќе ги извести и Постојаната мисија на ЕУ, Меѓународната организација на труд, Меѓународните синдикати од областа на образованието, Амбасадата на САД и земјите членки на ЕУ.
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на 2 јуни одржа мирен протест пред Ректоратот на УКИМ, изразувајќи незадоволството од влошената материјална положба на вработените.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на 2 јуни повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, најави тој, ќе има од септември и тоа е предвидено со ребаланс на Буџетот.

Извор: МИА

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование