X
 08.06.2023 Образование

Била родена во затвор, а сега се запиша на „Харвард“

Аурора Скај Кастнер, млада девојка од Тексас, неодамна завршила средно образование во САД како една од најдобрите во својата генерација. Таа била примена на престижниот универзитет „Харвард“. Но, нејзиниот пат не е вообичаен.

Аурора била родена пред 18 години во затвор во округот Галвестон. Според локалните медиуми, таа храбро пишувала за тоа во својот есеј кога аплицирала на „Харвард“. По нејзиното раѓање, Аурора ја одгледал нејзиниот татко, кој има биполарно нарушување. Тој бил самохран родител, а мајка ѝ, и по излегувањето од затвор, не била вклучена во нејзиниот живот.

Подоцна, нејзините професори го препознале нејзиниот голем потенцијал и затоа била вклучена во проект кој ги поврзувал учениците со ментори за образование. Нејзината менторка Мона Хамби ја препознала големата интелигенција на Аурора и ја поддржувала во многу ситуации надвор од училиштето. Таа ја однела во посета на „Харвард“ минатата година, по што желбата на Аурора да студира на овој универзитет се зголемила.

Приказната на Аурора претставува инспирација и потсетник на тоа дека околностите и тешкотиите не мора да ја одредуваат нашата иднина.



Извор: Studentski
Насловна фотографија: Facebook 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование