X
 26.07.2018 Технологија

Преку безбеден интернет до безгрижно детство – има начин како да ги заштитите децата од опасностите во мрежата

Родителите се најважни за заштитата на децата на интернет и мора да посветат повеќе внимание на тоа како нивните деца го користат интернетот, да ги информираат за заштита на нивната приватност и да ги предупредат за потенцијалните ризици што можат да произлезат од неговото неправилно користење, што може да доведе до злоупотреби и директна штета на интегритетот на децата и на семејството, вели Јулија Дамјановска-Цениќ, маркетинг-менаџер во „Кабтел“


Користењето на интернетот од страна на децата носи директен или индиректен ризик и опасност, пред сè поради нивната детска отвореност, наивност, неискуство, неинформираност, вели Јулија Дамјановска-Цениќ, маркетинг-менаџер во „Кабтел“. Како да се заштитат децата од ризикот што ја носи мрежата? Дали на детето треба да му биде достапно сè, каде е границата што треба да ја постават родителите?



Со Дамјановска-Цениќ разговараме за овие прашања откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) минатата недела го соопшти извештајот дека само 10,1 проценти од домаќинствата во Македонија со малолетни лица имаат инсталирано софтвер за родителска контрола.
Анкетата е спроведена од 31 мај до 14 јуни годинава на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници, на возраст од 18 и повеќе години. Од нив 44 отсто што моментно немаат таков софтвер се заинтересирани да го инсталираат во иднина, но поголемиот дел (87,5 отсто) не знаат каде можат да набават таков софтвер.

Децата се отворени, наивни, неискусни

Заштитата на децата на интернет подразбира физичка, психичка и морална безбедност на малолетните лица во текот на секојдневните активности на интернет (сурфање, чат, користење социјални мрежи, онлајн-игри...), велат од „Кабтел“
- Целта е да се заштитат децата од несоодветни содржини, од негативните ефекти од користењето на интернетот и да се подигне нивото на свесноста за тоа како виртуелната реалност влијае врз децата и до кои граници може да се впуштаат во дигиталниот свет безбедно и без последици. За жал, постои одреден процент од децата што сами се заслужни за своето воспитание, бидејќи родителите немаат време, но и нивото на свесноста кај родителите за потребата од заштита во Македонија е многу ниско. Токму од овие причини, од почетокот на оваа година во рамките на „Програмата за општествена одговорност“ на „Кабтел“ главен акцент ставивме на подигањето на свесноста од потребата за заштита на децата на интернет. Целта е преку безбеден интернет да обезбедиме безгрижно детство за новите генерации, кои сè поголем дел од своето време го поминуваат онлајн – објаснуваат од „Кабтел“.



Користењето на интернетот од страна на децата носи директен или индиректен ризик и опасност, пред сè, поради детската отвореност, наивност, неискуство, неинформираност. Често ги оставаат своите лични податоци додека се регистрираат на многу страници, постираат лични информации, не земајќи предвид што сè може да се случи. - Воедно, можат да добиваат коментари за нивниот изглед, размислувања итн. Секако, тоа може да влијае врз сликата за себе што ја има детето, самодовербата, но може да придонесе и за повлекување, депресија. Злоупотребата на интернет не се однесува само на најчестата асоцијација поврзана со овој термин - детската порнографија, туку се однесува и на веб-страници со штетна тематика, како самоубиства, анорексија, дроги, религија, итн. Страници со „корисни“ совети и некредибилни текстови исто така се многу опасни. Тие не предизвикуваат големо внимание во јавноста, а вршат огромно негативно влијание врз малолетната популација и доведуваат до секакви последици - од физички повреди, до болест, па дури и смрт – велат од „Кабтел“.

Нова мултиплатформа Kaspersky Safe Kids

Дигиталниот свет не мора да биде опасен. Тоа го овозможува новата мултиплатформа Kaspersky Safe Kids, која им помага на родителите да создадат и да преговараат за нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.
- Родителите се најважни за заштитата на децата на интернет и мора да посветат повеќе внимание на тоа како нивните деца го користат интернетот, да ги информираат за заштита на нивната приватност и да ги предупредат за потенцијалните ризици што можат да произлезат од неговото неправилно користење, што може да доведе до злоупотреби и директна штета на интегритетот на децата и на семејството – велат од „Кабтел“.



Функционалностите на Kaspersky Safe Kids им овозможуваат на родителите мониторинг на комуникациите на детето, вклучувајќи ги и јавните активности на „Фејсбук“, повиците и СМС-пораките на андроидните уреди, заштита од ризиците на интернет.
Kaspersky Safe Kids дава информација за локацијата на која се наоѓа детето - на мапа ја покажува локацијата на детето и во реално време праќа нотификации доколку ја напушти безбедната зона што родителот ќе ја дефинира.
- Софтверот помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап до одредени типови веб-страници, содржини и апликации соодветни за нивната возраст, и блокирање на несоодветни содржини, веб-страници, игри, видеа. Овозможува управување со „времето поминато на уредот“, му помага на детето при користење веб-страници и уреди, со што лесно го насочува како да управува со своето време – вели Дамјановска-Цениќ.

Побарајте го Kaspersky Safe Kids кај овластениот застапник за Kaspersky во Македонија, КАБТЕЛ.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија