Боркум. Остров на зајаците, често видени како слободно трчаат по зелените површини, што е малку необична глетка. Ги има во голем број, па жителите се и малку загрижени, покажувајќи ги дупките во кои се криијат. Ова е остров на зелена енергија, што тежнее кон самоодржливост и електроенергетска независност.
Луѓето што живеат на островот имаат висока еколошка свест, а тоа се гледа и по тоа што кантите за ѓубре треба да се бараат со лупа - ги нема премногу, а нема ни ѓубре. Освен тоа и освен парите од ЕУ што им помагаат да останат генерално зелени, на патот кон самоодржливост им помагаат и нивните соседи. Холандскиот брег се гледа од Боркум и Холанѓаните на нивниот брег, заедно со ветерниците, во 2012 година одлучиле да изградат и електрана на јаглен.
Фото: Invest EU Media Trip
Боркум, живописниот остров во Северното Море е еден од најголемите источнофризиски острови што припаѓаат на Германија, околу кој нема да видите едрелици и јахти, туку големи фериботи. Но туризмот го буди и ги пополнува бројните платнени куќи на плажа, што штитат од постојаниот ветер. Со само 5.000 жители на 30 квадратни километри, но скоро 100 хотели, Боркум заживува во текот на летото со максимум 25 степени Целзиусови, така што повеќето германски пензионери одат на одмор токму на овој остров. Бројот на туристи достигнува 25.000 во шпиц-сезоната. Ветерот не им пречи. Освен тоа, самиот остров има корист од него.
Познато е дека еден од најголемите проблеми во производството на електрична енергија од обновливи извори како што се ветроелектраните или соларните електрани е складирањето на вишокот неискористена енергија, што би можела да се искористи во периодот кога нема ниту ветер ниту сонце. Боркум го реши тој проблем. Островот е доста иновативен - користи ветер и сонце за производство на енергија и вишокот енергија го користи кога производството е премало, особено во сезона.
Се разбира, Боркум не ги финансирал иновациите, туку тие биле создадени со помош на средствата на ЕУ. „НЕТфишент“ е тежок 11.4 милиони евра, од кои 9 милиони се финансирани во рамките на програмата „ЕУ Хорајзон 2020“ за истражување и иновации, а вклучува 13 партнери од 7 европски земји.
-Проектот започна во 2015 годин и оваа година првпат е пуштена струјата во мрежата. Целта на Боркум е да стане самоодржлив до 2020 година и да се оттргне од потребата за електрична енергија произведена од фосилни горива - вели Олаф Лук, еден од клучните луѓе задолжени за производство и надзор на проекти на овој германски остров.
Фото: Invest EU Media Trip
Во рамките на овој проект, научниците развиваат и испитуваат голем број паметни технологии за складирање на различни видови на енергија од обновливи извори. Меѓу нив се пренаменетите батерии од електричните возила, суперкондензаторите, литиум-јонските батерии и хибридниот систем за складирање на енергија.
-За успешно да складирате енергија, мора да го направите онаму каде што таа се произведува. Тоа можете да го направите во вашиот дом и потоа да ја зачувате во батерии - го објаснува Лук начинот на кој функционира системот и притоа нагласува дека „НЕТфишент“ користи синергија помеѓу складирањето на енергија, паметните мрежи и граѓаните и тоа подразбира локално производство и дистрибуирани складишни капацитети.
Затоа, во склоп на проектот се опремени 40 станбени и пет јавни зради на островот, вклучувајќи аквариум, па затоа проектот има дополнителна вредност, бидејќи опфаќа сѐ: од произведувачи и локални власти до крајни потрошувачи. Тука се вклучени и граѓаните, кои освен потрошувачи, стануваат и произведувачи на енергија. Еден од нив е и пензионираниот инженер Клас Бакер, кој во рамките на поректот му била платена целосна инсталација на 14 соларни панели на покривот и две батерии за складирање на енергија во домот.
На островот проектот завршува оваа година, но островјаните не размислуваат да застанат тука.
-Планираме сличен проект но поголем за
островот да стане самоодржлив - вели Лук.