Мудрите велат: ако сакате да го промените животот на подобро – променете ги вашите мисли. Престанете да гледате негативно, да се споредувате со другите, да озборувате и да кукате...
За да ги промените своите мисли и да се проверите самите дали сте способни за тоа, Вил Боуен, свештеник од Мисури, ја предложува следната метода: Носете виолетова белегзија која ќе ве потсетува на дадениот „завет“ во текот на дваесет и еден ден. Истата ја нарекол Белегзија ослободена од замерки и кукања, а неговата идеја се покажала многу ефикасна со оглед дека беше поддржана од 10 милиони луѓе низ светот. Боуен заради ова гостуваше и во популарното шоу на Опра како и во многу други емисии на познати медиумски куќи.
Суштината на оваа метода е на раката да се стави виолетова белегзија и да се престане со кукање, изразување незадоволство и критикување на другите луѓе. Белегзијата мора да се носи минимум 21 ден заедно со новоусвоените навики.
Ако во тој период самите се најдете во ситуација како озборувате, се жалите или кукате – мора да ја преместите белегзијата на другата рака и одново да започнете со „третманот“. Целта е да се издржи минимум 21 ден со нови навики на однесување, а притоа белегзијата да се задржи на едната рака.
Се прашувате зошто токму виолетова? Според мислењето на психолозите оваа боја покажува тонизирачки ефект врз мозокот, помага при намалување на стресот и раздразливоста, а периодот од 21 ден е доволен каква било навика да се вреже во потсвеста.
Во продажба може да се најдат и виолетови белегзии со инспиративни пораки, но истата може секој сам да ја направи од каков било материјал.
Авторот признава дека му биле потребни дури три месеци пред да успее да заврши со првиот третман од 21 ден, носејќи ја белегзијата на истата рака. Повеќето луѓе доаѓаат до тој резултат дури по 5-6 месеци. На почетокот, белегзијата ја менувате на двете рацете дури и по 10-20 пати на ден, за после неколку месеци да постигнете успех.
За тоа време, човекот започнува да препознава повеќе позитивни работи кај себе и во опкружувањето. Голем број забележуваат дека чувството им е како некој да им го отстранил превезот од очите, заклучувајќи дека во светот има многу интересни и позитивни нешта, што претходно не ги перцепирале.
Ако постојано сме негативни и се жалиме за сè, на тој начин во својот живот повикуваме уште повеќе проблеми и така се вртиме во круг. Кога ќе ги промениме мислите и зборовите што ги изрекуваме, отвораме простор за позитивното, бидејќи енергиски го чистиме просторот околу себе. Едноставно, со промената на мислите се опкружуваме со позитивна енергија која привлекува позитивни работи.