X
 29.07.2023 Наука

Шансите да бидете каснати од отровна змија се зголемуваат

Има многу опасности кои се зголемуваат поради климатските промени, а сега може да се додаде уште една на листата. Потоплото време ги зголемува шансите да бидете каснати од отровна змија, покажува нов труд.

Трудот бил направен врз анализа на податоци од сојузната американска држава Џорџија, каде што живеат 17 вида отровни змии. Во трудот се покажува дека секое зголемување на температурата за еден Целзиусов степен доведува до речиси 6 отсто поголеми шанси за каснување од змија. Змиите реагираат на сезонски промени во временските услови, па затоа можеби овие резултати треба да се очекувани.

Сепак, научниците велат дека анализата на оваа врска не била длабока и не знаат точно како потоплото време доведува до зголемување на бројот на каснувања од змија.

Истражувачите анализирале 3.908 посети во болница поради каснувања од отровна змија во периодот од 2014 до 2020 година. Овие податоци биле споредени со податоци за временските услови. Се покажало дека најмногу каснувања има во текот на летото, но најголемата поврзаност помеѓу температурата и каснувањата се забележувала во текот на пролетта.

Според процени од Светската здравствена организација, околу 5 милиони луѓе низ светот се каснати од змија годишно, а 138.000 смртни случаи се од каснувања од змија.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука