X
 02.09.2022 Живот

Остров на кој обичните смртници немаат пристап

Суртсеј е вулкански остров во Атлантскиот Океан. Се наоѓа на околу триесет километри од Исланд. Создаден е од голема ерупција која почнала во 1963 година во океанот, на длабочина од 130 метри. Така се родило ова мало чудо на природата за кое особено биле заинтересирани научниците.

Обичните луѓе се прашуваат која е всушност мистеријата на овој мал остров со само една куќа.

Островот настанал при конфликт на моќен вулкан и моќен океан. Во таа борба, а можеби и љубов, островот бил создаден во ерупција која траела дури три години. Така, во 1967 година бил создаден овој остров со површина од 2,7 квадратни километри.


Сепак, како што обично се случува, природата уште еднаш ја покажа својата сила и волја. Ерозијата на почвата и силните ветрови ја намалиле површината на островот на околу 1,3 квадратни километри. Сепак, тоа не го намалило интересот на научниците за таа мистериозна област.

Суртсеј е под заштита на УНЕСКО, а таму смеат да одат само научници, избрани ботаничари, биолози и вулканолози. Нивната главна задача е да проучат како се создава екосистем без човечко влијание.

Првата вегетација на островот се карактеризирала со мов и лишаи, а набрзо таа била населена со птици. Денес таму растат околу 70 растителни видови, а живеат и инсекти, разни птици и фоки.


На островот постои само една куќа во која престојуваат научниците кои го проучуваат екосистемот. Секој научник мора темелно да се исчисти пред да стапне на островот за да не го наруши неговиот природен систем.

Но, и покрај сите преземени мерки, на островот успешно пораснале домати, што ги изненадило научниците. Растението било веднаш отстрането за да не биде наметлив вид што може да го загрози постојниот растителен свет.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот