X
 21.07.2018 Живот

Внимавајте ако патувате во Барселона - расте бројот на нелегални станови за туристи

За да ги заштити туристите од лажните понуди на туристичките агенции што се нудат на социјални медиуми, градскиот совет на Барселона создаде веб-страница на која може да се провери дали изнајмувањето е легално.

Минатата година беа затворени 2.000 стана што работеле без дозвола. На веб-страницата може да се провери дали станот е лиценциран или не. 

Постојат 9.600 лиценцирани туристички апартмани во градот.
Бидејќи не се издадени нови лиценци од 2014 година, нелегални станови има на секој чекор.

Сепак, градот двојно го зголемил бројот на инспектори и вовел шема со која жителите на Барселона можат да ги пријават сопствениците на станови што примаат гости, а немаат лиценца.

Страницата Airbnb плати парична казна од 600.000 евра, а потоа се согласи да ги отстрани нелиценцираните станови што беа рекламирани таму.

Сепак, постојат други страници што рекламираат нелегални апартмани.

- Ако ја посетувате Барселона, потребна ни е вашата посветеност и соработка за спречување на ширењето на оваа нелегална економија во нашиот град - стои на страницата.

Подготвил: Т.Ц.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот