X
 29.04.2018 Живот

Венеција ќе ги затвори капиите ако има многу туристи

Италијанскиот град Венеција постави привремени капии на два моста преку кои се влегува во градот за да се запре приливот на туристи во случај нивниот број да стане преголем.

Мерката ќе биде на сила во текот на празничните денови, заклучно со вторник.

Полицијата го надгледуваше доаѓањето на туеистите и проценила дека сѐ уште нема потреба да се затвораат капиите.


Фото: N1

Во Венеција има многу повеќе туристи отколку жители, а тесните улички за време на празниците стануваат речиси непроодни. Градот со децении не може да најде решение за постојаното намалување на бројот на жители, но живее од туризам.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот