X
 08.07.2020 Живот

Бројот на убиства во големите американски градови се зголемил по избивањето на пандемијата

Бројот на убиства се зголемил во неколку поголеми американски градови во првата половина на 2020, во споредба со истиот период минатата година, покажува истражување на „Њујорк тајмс“.

Вооруженото насилство во Њујорк е највисоко во последните 25 години. 14 лица биле убиени, а во 106 било пукано во текот на само еден викенд во Чикаго. Во Лос Анџелес бројот на убиства се зголемил за 250 отсто во јуни.

Бројките отсликуваат грда слика. Генерално, бројот на убиства во 36 града се зголемил за 21,8 отсто. Сепак, бројот на други кривични дела, како кражби, во тие градови е во опаѓање.

Дури и ако се игнорира пандемијата, последните неколку месеци во САД беа бурни по избивањето на протестите по смртта на Џорџ Флојд, кои потоа се проширија низ светот. Довербата во спроведувачите на законот достигна нови најниски нивоа, а имаше и повици за кратење на средствата за полицијата.

И, секако, САД сѐ уште се борат со смртоносните ефекти на Ковид-19, а бројот на заболени и по шест месеци продолжува да расте. Но експертите се колебливи во поврзувањето на двете нешта.


Еден особено несреќен ефект на изолацијата беше зголемувањето на семејното насилство, па засолништата мораа да се справат со масовно зголемување на повици за помош додека истовремено се справуваа со ризиците од ширење на вирусот.

Но, сликата сѐ уште е нецелосна. Всушност, можеби пандемијата нема никаква врска, можеби Американците се соочуваат со ефектите на трендови кои биле присутни уште пред протестите и пандемијата, посочуваат од „Тајмс“. Ако се погледне од подалеку, стапките на убиства за оваа година можеби и не се многу поголеми. Во Њујорк имало ист број на убиства во 2015 година, а стапката во Чикаго сè уште е за 6 отсто помала во споредба со 2017 година.

Експертите велат дека оваа година е чудна по многу нешта и дека ќе биде потребно време за да се сфати што ги предизвикало разликите во криминалот.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот