Пред повеќе од сто години, од 1850 до 1920 година, Соединетите Американски Држави доживеале бран на масовна миграција што никогаш порано не бил забележан.
Иако прашањето околу имиграцијата во САД и ден-денес предизвикува поделби, има уште интересни докази за додавање во целата мешавина. Имено,
нова студија потврди дека американските сојузни држави каде што низ историјата имало поголема имиграција имаат подобри економии.
- Во 1850 година, на почетокот на ерата на масовна миграција, повеќе од 90 отсто од луѓето што живееле во САД, а биле родени во други земји, биле или од Велика Британија, Ирска или од Германија. До крајот на ерата на масовна миграција, во 1920 година, нивниот процент бил само 45 - објасни тимот.
Оттаму додаваат и дека додека претходните имиграциски бранови примарно биле од Западна Европа, новиот бран вклучува голем број имигранти од Јужна, Северна и Источна Европа, кои зборуваат различни јазици и се со различна вероисповед.
Ако не бил тој голем бран, денес некои делови од САД би биле многу понесреќни.
Не само што имиграцијата го зголемила индивидуалниот приход во овие сојузни земји, туку студијата покажува и дека имиграцијата ги намалила невработеноста и сиромаштијата, а го подобрила образованието. Истражувањето не нашло докази дека историската имиграција влијаела врз социјалниот капитал, одѕивот на гласачите или степенот на криминал.
Проучувајќи ги податоците од неколку американски земји од 1850 до 1920 година, истражувачите направиле процена на процентот на луѓе со странско потекло родени во секоја деценија.
Затоа што имигрантите обично патувале со железница за да стасаат до нивните дестинации, истражувачите го фокусирале своето внимание на железничката мрежа во земјата. Резултатите откриваат дека набрзо по пристигањето на имигрантите овие региони доживеале индустриски бум и долгорочен просперитет.
Речиси сто години подоцна овие земји сè уште уживаат во огромни економски бенефити.
Нормално, тоа го променило американското општество. Во периодот меѓу 1880 и 1914 година повеќе од 20 милиони Европејци мигрирале во САД, во време кога земјата имала само 75 милиони жители.
Сепак, тоа е пример како промената, дури и кога е подривачка, може да има корисни ефекти на долготрајни патеки. Економските бенефити изгледа ги надминале социјалните „трошоци“, кои како да избледуваат со текот на времето.
За жал, како и многу други политички прашања, актуелната дебата околу имиграцијата во САД најмногу е насочена на погрешните работи. Наместо да се посветува внимание на краткорочното, новото истражување сугерира дека треба да се погледне големата слика.
Секако, масовниот имиграциски бран кој се случил пред околу еден век бил под различни околности, но, сепак, авторите мислат дека би можел да биде
релевантен и сега.