Овој град, кој се наоѓа во Кина, како да е излезен од научнофантастичен филм.
На еден профил на „Инстаграм“ се открива зошто Чунгкинг важи за еден од најлудите градови во Кина. Во краткиот опис се посочува дека ова место е едно од најфутуристичките на планетата. Прикажани се необични сцени, на пример, зграда која плови по река, воз што минува низ станбени згради и бензински пумпи лоцирани на врвот на зградите. Покрај тоа, градот може да се пофали со едно од најдлабоките метроа во светот, достигнувајќи длабочина од 94 метри, што е еквивалентно на висината на зграда од 31 кат.
Во видеото е прикажан и дел од градот кој изгледа како обично приземје. Меѓутоа, изненадување е тоа што кога една девојка се приближува до балконот, открива дека всушност се наоѓа на 22. кат од зградата. Сите овие чуда го прават Чунгкинг еден од највозбудливите градови за истражување.
Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram