X
 08.07.2021 Култура

Дали Олимписките игри во Токио ќе се одржат без публика и во услови на вонредна состојба?

Премиерот на Јапонија прогласи вонредна состојба во Токио што ќе стапи во сила за време на Олимписките игри бидејќи градот-домаќин се бори да спречи нагло зголемување на ковид-инфекциите.

Овој потег значи дека организаторите на Олимписките игри треба да забранат публика, а официјалната одлука ќе се донесе по разговорите меѓу главните лица.

Најновиот удар врз проблематичните јапонски олимписки подготовки доаѓа откако Токио во средата пријави 920 нови инфекции. Тоа е највисока бројка по пријавените 1.010 на 13 мај. Во четвртокот објави 896 нови случаи.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга најави дека четвртата вонредна состојба во Токио ќе почне в понеделник (12 јули) - 11 дена пред отворањето на Олимписките игри, а ќе заврши на 22 август, два дена пред почетокот на Параолимписките игри.

- Имајќи го предвид влијанието на новите соеви на коронавирусот и потребата да спречиме ширење на инфекциите, треба да ги зајакнеме нашите мерки. Со оглед на ситуацијата, ќе воведеме вонредна состојба во Токио - изјави тој.

Квазиитните мерки насочени кон ноќната економија на Токио не успеаја да го спречат последниот бран на заразени. Владата повторно ќе треба да ја воведе непопуларната забрана за послужување алкохол во барови и ресторани, кои исто така ќе мора да затворат пред време.

igri
Фото: Max Pixel

Вонредната состојба во Токио, центарот на епидемијата во Јапонија, е срам за Суга, чие справување со кризата се одрази лошо на изборите во градското собрание во Токио минатиот викенд.

Инсистирањето на Суга дека организаторите и Меѓународниот олимписки комитет ќе можат да организираат безбедна Олимпијада, дури и ако се зголемат ковид-случаите во Токио, може дополнително да ги налути гласачите на само неколку месеци пред изборите.

Медицинските советници изјавија дека забраната за гледачи на Олимписките игри ќе биде најмалку ризична опција, особено поради загриженоста на јавноста дека доаѓањето на десетици илјади спортисти, официјални лица, спонзори и помошен персонал, може да предизвика нов бран на инфекции.

Суга го поддржа настојувањето на Меѓународниот олимписки комитет да се организираат Олимписките игри, и покрај спротивставувањето на јапонската јавност и предупредувањата од неговиот главен медицински советник, Шигеру Оми, дека Олимпијадата во комбинација со летните одмори и ширењето на позаразната делта-варијанта може да предизвика бран на ковид-инфекции.

- Инфекциите се во фаза на експанзија и секој во оваа земја мора да разбере колку е тоа сериозно. Периодот од јули до септември е најкритично време за мерките против ковид-19 во Јапонија - изјави Оми.

Извор: The Guardian
Фото: Max Pixel
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура