Роџер Федерер изјави дека ќе се пензионира од тенисот по купот „Лавер“, кој треба да се одржи наредната недела. Тенисерот, кој има 41 година, има кариера долга над 24 години. Тој освои 20 гренд слема и доминира во машкиот тенис две децении. Еве уште некои факти за него.
Федерер победи на 1.251 турнир, со што е на второ место на листата со најмногу освоени турнири во историјата. Пред него се наоѓа Џими Конорс со 1.274 освоени турнири.
Федерер застана на врвот на листата со најдобри светски тенисери кога имаше 22 години, во 2004 година. Тој беше прв на листата рекордни 237 последователни недели, од 2 февруари 2004 до 18 август 2008.
Тој освои 20 гренд слема, меѓу кои 6 на Отвореното тениско првенство на Австралија, 8 на Вимблдон, 5 на Отвореното тениско првенство на САД и 1 на Отворено тениско првенство на Франција.
Федерер има 369 победи на отворени првенства, 46 пати беше во полуфиналето, а 58 пати беше во четврт-финалето на отворени првенства.
Во 2020 година „Форбс“ го именува Федерер за највисоко платен атлетичар со годишна заработка од 106,3 милиони долари.
Федерер беше именуван за спортист на годината пет пати.
Федерер го крена трофејот на АТП мастерс 1000 дури 28 пати.
Федерер освои и два олимписки медала - златен медал на Олимписките игри во 2008 и сребрен на игрите во 2012 година.
Извор:
Asianet Newsable
Насловна фотографија:
Facebook