Добри вести за сите љубители на чоколадото. Според неодамнешно истражување, јадењето чоколадо барем еднаш неделно може да ги подобри вашите когнитивни способности.
Во древните времиња чоколадото се користело како лек за температура, дијареја, подобро спиење и чистење на забите, меѓу другото. Но новото истражување спроведено во центарот „Мејн-Сиракјуз лонгитудинал“ нуди научни докази за поволностите на чоколадото.
Истражувањето било спроведено на 1.000 луѓе, а во него испитаниците решавале разни когнитивни тестови. Дел од испитаниците никогаш или ретко јаделе чоколадо, додека другите редовно јаделе чоколадо барем еднаш неделно.
Фото: Pixabay
Резултатите покажале дека луѓето што редовно јаделе чоколадо имале подобри резултати на тестовите и биле подобри во едноставни задачи, како помнење телефонски броеви. Истражувачите не знаат каква е врската помеѓу чоколадото и когнитивните вештини, но трудот покажува дека има врска.
Досега се знаеше дека чоколадото има флавоноли кои имаат позитивен ефект врз мозокот на луѓето. Многу истражувања покажале дека флавонолите може да ги намалат ефектите на стареењето на мозокот и помнењето.
Треба да се напомене дека некои чоколади се полни со шеќери, па затоа се препорачува темното чоколадо, кое има повеќе флавоноли, а помалку шеќер отколку млечното чоколадо.
Извор:
Lifehack
Насловна фотографија: Pixabay