X
 04.02.2023 Здравје

Преработената храна го зголемува ризикот за заболување од одреден вид рак

Луѓето што јадат преработена храна имаат поголем ризик да заболат од одреден вид рак, покажува ново истражување. Студијата траела 10 години и анализирала речиси 200.000 учесници од Обединетото Кралство на просечна возраст од 58 години.

Во истражувањето корисниците консумирале вештачки сокови, индустриски подготвени лебови, слатки или солени пакувани грицки, житарки за појадок, преработено месо и оброци кои се индустриски подготвени.

Истражувачите откриле дека преработената храна има пет или повеќе состојки и содржи индустриски супстанции како засладувачи и вештачки бои и вкусови. Било заклучено дека средовечните лица што јадат многу преработена храна имаат поголем ризик да заболат од рак.


Фото: Pixabay

За секои 10 отсто зголемено консумирање преработена храна, ризикот за рак се зголемува за 2 отсто. Кога станува збор за ракот на јајчници, ризикот се зголемува за 19 отсто. Ризикот од умирање од рак, исто така, се зголемува со зголеменото консумирање преработена храна.

Том Сандерс, професор по исхрана кој не бил вклучен во истражувањето, посочува дека има многу статистички значајни разлики помеѓу луѓето што јадат повеќе и помалку преработена храна. Затоа, не може да се донесат дефинитивни заклучоци дека ризикот од заболување е зголемен само поради преработената храна, иако врската треба да биде дополнително истражена како можен фактор, според него.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје