Некои филмски приказни сепак се исполнуваат и во вистинскиот живот. Доказ за тоа е и приказната за Мајкл Водрел, 54-годишен домар во институтот „Ворчестер“, кој по осум години чистење добил диплома за машински инженер.
Во филмот од 1997, младиот Мет Дејмон го глумеше Вил Гантинг, 20-годишен генијалец кој работи како домар на познат американски колеџ. Неверојатниот талент за математика го открива кога анонимно решава тешка задача оставена на огласната плоча на факултетот.
Приказната на Мајкл Водрел е еднакво неверојатна. 54-годишниот татко на три деца ја добил работата како домар во најниската точка од животот, според него.
- Ја изгубив куќата, автомобилот, банкротирав. Бев само лушпа од човек - вели тој за „Хафингтон пост“.
Осум години работел како домар, а да студира започнал откако факултетот им понудил бесплатен натпревар. По освојувањето на поените, Водрел се заинтересирал за машинската индустрија и запишал факултет, работејќи ноќе и одејќи на предавања во текот на денот.
Факултетот го завршил со просек од 4,65, а дипломата ја добил изминатата недела. Иако бил постар од своите колеги, тој вели дека тоа не му било проблем. Тој ја имал поддршката на сопругата и семејството во својата цел да заврши факултет.
Засега се` уште работи како домар, но се надева на подобро вработување во блиска иднина.