Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, своите пензионерски денови со радост ги поминува со добра книга во рацете. И уште повеќе од тоа, се чини дека Гејтс станал вистински „книжевен молец“ кој за една година чита по околу педесет книги!
Кога го прашуваат да препорача некои книги, Гејтс нагласува дека не е голем обожавател на белетристика, но и дека најмногу ужива кога чита историски романи.
Иако понекогаш сака да прочита и други жанрови, за што сведочи и овој краток избор на квалитетни книжевни дела.
Ако сте на одмор или едноставно копнеете по добра книга, еве што ви препорачува Бил Гејтс.
Neal Stephenson: Seveneves
Откако цели десет години не прочитал ниту една научнофантастична приказна, Гејтс по препорака на свој пријател ја зграпчил
Seveneves.
„Приказната започнува во првата реченица од романот, по експлодирањето на Месечината“, пишува Гејтс на својот блог. Но тоа е само почеток затоа што набрзо се соочуваме со сознанието дека целото човештво е во опасност: за две години катаклизмичен метеорски дожд ќе го уништи целиот живот на Земјата, а на човештвото му преостанува да испрати што повеќе летала во орбитата со надеж да се избегне апокалипсата. „Можеби ќе го изгубите трпението со сите тие силни информации за летовите во вселената, но јас едноставно уживав во техничките детали.“
Maylis de Kerangal: The Heart
Иако се работи за новела, поради реалистичната приказна,
The Heart многу, многу се приближува на самите граници на белетристиката, пишува Гејтс.
Приказната започнува со маж кој загинува во несреќа, по што неговите родители носат одлука да го донираат неговото срце. „Оваа книга користи преубаво прераскажување со цел длабоко да ве поврзе со луѓето во приказната, макар и само на неколку минути“, е коментарот на Гејтс.
Graeme Simsion: The Rosie Project
Овој роман Гејтс го прочитал по препорака на својата сопруга Мелинда, што му обезбедило можност за малку интроспектива.
Гуруто од „Мајкрософт“ книгата ја нарекува „забавна, паметна и емотивна“, па ја прогласува за една од најдлабоките новели што ги прочитал по долго, долго време.
Robert Cook: Patriot & Assassin
Овој роман Гејтс го прочитал по препорака на свој пријател. Во него се работи за терористички план да се испушти нервен гас на територијата на САД. Задача на протагонистот е да собере група научници и воени специјалисти за да го спречат нападот.
Како и многу други препораки на Гејтс, книгата ја соединува историската фикција со филозофијата и политиката. Во објавата од 2013 година, Гејтс изјавил дека пред
Patriot & Assassin ја прочитал книгата
Игри на глад за која претпоставувал дека содржи многу повеќе стрелаштво.