Истражувачите веќе докажале во минатото дека читањето стимулира многу различни делови од мозокот. Во едно истражување на пример, се докажало дека кога се читаат зборови како „парфем“ или „кафе“ се активира центарот за мирис во
мозокот. Но, нови студии докажуваат дека читањето како активност може да направи долгорочни промени во мозокот.
Студијата од Емори Универзитетот ги испитувала функциите на мозокот за време на читањето на новела. 21 студент учесник во период од 19 дена биле испитувани на магнетна резонанца. Во првите 5 дена се правеле основни истражувања на магнетната резонанца. Во следните 9 дена учесниците читале по 30 страници навечер од новелата на Роберт Харис Pompeii, по што решавале квиз за да се утврди дека завршиле со читањето. Следното утро биле испитувани на магнетна резонанца. Во деновите по завршување на новелата, на учесниците повторно им било вршено испитување со магнетна резонанца.
Претходни истражувања биле фокусирани на активноста за време на процесот на читање. Оваа студија ги испитува долгорочните ефекти. По задачите со читање, магнетната резонанца открила поголема поврзаност во левиот дел на кортексот, кој се поврзува со приемчивост на јазикот. Зголемената поврзаност во другите делови на мозокот била знак дека читателите искусиле „отелотворена семантика“, процес во кој се размислува за одредена активност (на пример пливање) при што во мозокот се активира центарот како реално да се извршува активноста.
Физичките чувства и движења се поврзале со тоа дека читатањето може да го пренесе телото на читателот (со мислите) во телото на главниот лик, што е веќе општо познато како идентефикување со ликовите. Но, сега се дознава дека тоа може да влијае и биолошки.
Промените останале и 5 дена по завршувањето на новелата што укажува на долготрајни ефекти од читањето, иако сѐ уште не е утврдено колку долго тие остануваат. Но, научниците велат дека читањето сепак има долгорочни ефекти на зајакнување на региите за процесирање на јазикот.