X
 28.04.2015 Технологија

Револуционерните батерии на Тесла - најважниот изум на 21-от век

Елон Маск во последните 15 години го промени начинот на кој ги гледате електричните автомобили и патување во вселената, а сега се насочува кон батериите.

 

industrija


Можеби се`уште далеку пред своето време, но Елон Муск се труди да го промени светот кон подобро, па после електричните автомобили, моторите на иднината и новиот начин на освојување на вселената, неговиот познат бренд „Тесла“, до крајот на месецот најавува претставување на неговиот најнов производ: нов, зелен вид на батерија која ќе даде надеж за посветла иднина за нашата планета и за нас.

На конференцијата најавена за 30 април би требало да бидат претставени батериите заедно со своите предности и недостатоци, во знак на областа на кои може да се работи и да се постигне одреден напредок, а кои би требало да се произведат во огромната фабрика во Невада. Аналитичарите и експертите уште сега најавуваат дека овие батерии и нивната ниска цена ќе ја променат индустријата. Од фабриката преку автомобилот па се` до нашите домови, ваквиот начин на складирање на енергија во комбинација со обновливи извори би можеле да го спасат човештвото од уништување.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија