X
 08.08.2018 Живот

Финскиот универзален основен приход не ме направи богат, но мојот живот е побогат

Финскиот експеримент за универзален основен приход, од кој сум дел, завршува кон крајот на годинава. Прашањето што повеќето медиуми ми го поставуваат е: Како основниот универзален приход ми го промени животот? Мојот одговор е едноставен. Во однос на парите, мојот живот воопшто не се промени. Сепак, психолошките ефекти на овој човечки експеримент беа трансформативни. Искрено, повеќе го сакам универзалниот основен приход отколку систем на бенефиции полн со комплицирани форми, задолжителни курсеви и бесмислени обврски.

Пред експериментот, ризикот од губење на бенефициите од невработеноста и тешкиот процес на повторно аплицирање беа пречка за прифаќање мали работни задачи. Бирократијата вклучуваше прифаќање на непотребни работни места или премногу ризични.

prihod
Фото: Getty Images


Експериментот стартува на почетокот од 2017 година. Случаен примерок од 2.000 луѓе на возраст од 25 до 58 години биле избрани за да учествуваат и да земаат месечен приход од 560 евра, без никаков услов за вработување. Предуслов беше учесниците да имаат добиено основен надоместок за невработеност од финската институција Кела во ноември 2015 година. Во тој период само што ми заврши грантот што го имав добиено и официјално барав работа, така што бев квалификуван за учество. Финската влада сакаше да дознае дали барателите на работа добиваат полесно работа кога универзалниот приход ќе се замени со основен приход. За време на експериментот учесниците имаа право да го задржат својот основен приход дури и ако најдат работа.

Идејата е дека привремената работа и работата со скратено работно време стануваат почести, што може да значи дека постои зголемен интерес за моделите за социјална заштита што го поддржуваат прифаќањето на ваква работа. Експериментот со универзалниот приход резултира со работа за мене и за други учесници, од ИТ-експерти, уметници и трговски професионалци до нови дипломци. Не постои сомнеж дека експериментот им помага на луѓето во креативните полиња, на хонорарците, луѓето што вршат стручна работа и работници во проект.

Мојот приход се состои од такси што ги наплаќам како писател и предавач, како и грантови што ги добивам од разни институции. Исто така, имав повремени кратки периоди кога бев невработен, кога добивав бенефиции за невработеност. Мојот месечен приход варираше околу 3.000 евра. Финскиот систем за социјално осигурување му овозможува на невработеното лице да заработи максимум 300 евра месечно со данок од 50 отсто за секоја заработка поголема од тој лимит. Додека учествував во експериментот можев да прифатам ангажмани за говори во библиотеки и училишта за 250 евра, место во панелски дискусии за јавни дебати и саеми на книги.

Постоеја грижи за високата цена на моделот. Критичарите велат дека универзалниот приход што се користи за време на експериментот не може да се прошири на целото население бидејќи тоа би создало негативно салдо од 10 до 15 милијарди евра. Но атипичните работни односи се во пораст и нашиот систем за социјално осигурување стана застарен. Системот бара повеќе инвестиции за да се зголеми минималното ниво на приходи, да се подобри нивото на финансиски стимулации и да се поедностави.

Моделите на универзален приход доаѓаат со мало зголемување на оданочувањето. Но за голем број вработени ова ќе биде компензирано со основниот приход. Бидејќи овие луѓе успеваат да најдат работа, додека се поддржани од основниот приход, оданочувањето за сите може да се намали. Во однос на куповната моќ, основниот приход би имал претежно позитивен ефект бидејќи тоа ќе им помогне на луѓето со ниски приходи. Критичарите стравуваат дека универзалниот приход ќе ги направи луѓето мрзливи. Сепак, ограничените докази од неколку испитувања поврзани со универзалниот приход од целиот свет покажуваат дека луѓето користат основен приход за да го подобрат својот квалитет на живот, а не како лиценца да не прават ништо. Истражувањата покажуваат дека невработените лица немаат ниска мотивација.

Се надевам дека овој експеримент ги поттикнува идните влади да ги испитаат новите опции. Моите трошоци за живот денес изнесуваат речиси 2.000 евра месечно - сума што никогаш не би можел да ја имам без универзален приход. А тоа не беше идејата. Наместо тоа, универзалниот приход влијае како совршен поттик - дава сигурност за бркање други можности. Те тера да пронајдеш работа што ќе те исполнува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот