X
 12.02.2020 Живот

„Американскиот сон“ се остварува во нордиските земји, вели финската премиерка Сана Марин

Сана Марин, една од најмладите премиерки во светот, вели дека нејзината земја Финска и другите нордиски земји им даваат на нивните граѓани поголеми можности за да го остварат „американскиот сон“.

- Мислам дека американскиот сон најдобро може да се постигне во нордиските земји, каде што секое дете, без оглед на неговото потекло или потеклото на неговото семејство, може да стане што сака - вели таа.

Таканаречениот американски сон е идеја дека секому треба да му биде дадена шанса да ги достигне животните цели и амбиции.

Финска може да го обезбеди американскиот сон поради нејзините јавни услуги, вели Марин.

- Имаме многу добар образовен систем. Имаме одличен здравствен систем и систем за социјална заштита што дозволува секој да стане тоа што ќе го посака. Веројатно ова е една од причините што Финска се рангира како најсреќна земја во светот - додава таа.

Но, таа предупредува дека другите земји не смеат да го форсираат овој систем.

- Ситуацијата на секоја земја е различна. Политичката атмосфера на секоја земја е различна - предупреди таа.

34-годишната Марин стана најмладата премиерка во светот во декември, кога беше избрана да ја предводи Социјалдемократската партија, која има најмногу места во финската коалициска влада.

Извор: Business Insider
Фото: Printscreen/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот