X
 08.08.2019 Живот

Вотка направена со вода од забранетата област во Чернобил

Пијалакот „атомик“ е направен од житарки, но и со вода земена од забранета област околу оштетената нуклеарна електрана во Чернобил.

Идејата била на професорот од британскиот Универзитет на Портсмут, Џим Смит, кој и почнал со одгледување житарки во забранетата зона.

- Нашата идеја уште тогаш беше да го искористиме зрното за да направиме алкохолен пијалак… Треперам додека го пијам, вели Џим додека крева едно од своите шишиња - раскажува проф. Смит.

Тој тврди дека вотката не е радиоактивна.

- Не е порадиоактивна од која било друга вотка… Секој хемичар ќе ви каже дека кога дестилирате нешто, сѐ она што е штетно завршува „во отпад“ - нагласува проф. Смит.

Тоа го потврдиле и научниците од хемиската лабораторија во Универзитетот „Саутемтон“.

Со помош на „коктел-познавачи“ од еден бар во Лондон, „атомик“ го споредуваа со други вотки. Дегустаторот Сем Армај сета дека тоа е „пијалак во кој повеќе се чувствува зрното отколку алкохолот“.

- Има повеќе овошни ноти, но се чувствува и ’ржта - вели Сем.

На прашање кој коктел би го направил од вотката, тој вели: „Класично мартини, но може и помешано со шампањско“.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот