X
 08.08.2021 Живот

УВ-индекс: Еве што значи и како да го читате

Ултравиолетовите (УВ) зраци на сонцето може трајно да ја оштетат кожата. Тие се најголема причина за рак на кожата, изјави Бет Голдстин, дерматолог во американскиот Централен дерматолошки центар, за „Инсајдер“. Затоа треба да се следи УВ-индексот доколку се поминува време на сонце.

Што е УВ-индекс?

Ултравиолетовиот индекс или УВ-индекс го предвидува интензитетот на ултравиолетовите зраци од сонцето на скала од 0 до 11+. Индексот може да покаже колку брзо кожата ќе изгори на сонцето. Колку е повисок УВ-индексот, толку се посилни ултравиолетовите зраци и побрзо ќе изгорите.

Метеоролошките центри секојдневно го мерат нивото на УВ со компјутерски модел кој зема предвид повеќе фактори. Меѓу другото, радијацијата од УВ-зраци е најголема од 10 наутро до 3 попладне, кога сонцето е највисоко на небото. Кога станува збор за годишниот период, УВ-зрачењето е најголемо во пролет и лето бидејќи северната хемисфера тогаш е свртена кон сонцето.


Фото: Pixabay

Густите облаци може да го блокираат УВ-зрачењето и да го намалат индексот. Освен тоа, улога играат и локацијата и височината. Колку сте поблиску до екваторот, толку е поинтензивно УВ-зрачењето, а радијацијата се зголемува и со височината.

Високите дрвја и згради што ги блокираат УВ-зраците може да го намалат УВ-зрачењето, но површините кои рефлектираат, како водата или снегот, може да го зголемат УВ-зрачењето.


Фото: Pixabay

Како да се толкува УВ-индексот?

УВ-индекс од 0 до 2 - ризикот за горење е минимален, но лицата со многу бел тен може да изгорат и доколку седат на сонце само половина час;

УВ-индекс од 3 до 5 - има слаб ризик за горење доколку сте на сонце без никаква заштита. Просечно, кожата гори за 30-45 минути доколку е директно изложена на сонце. Се препорачува користење фактор со заштита од 30;

УВ-индекс од 6 до 7 - високо УВ-зрачење, а кожата гори за 15-20 минути без заштита. Се препорачува користење фактор од 30 на секои два часа, како и носење шапка, очила и облека за заштита од сонце;

УВ-индекс од 8 до 10 - многу високо ниво на УВ-зрачење со голем ризик од горење. Кожата гори за 10 минути или помалку;

УВ-индекс од 11+ - екстремно ниво на УВ-зрачење. Директното изложување на сонце без никаква заштита е опасно, а незаштитената кожа гори за неколку минути.

Извор: Insider 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот