Ново истражување покажува дека технологијата за УВ-зрачење, која веќе се користи за спречување на ширењето на заразите во големите згради, има потенцијал и во борбата против коронавирусот.
Истражувањето, објавено во списанието „Пир-Џеј“, открива дека УВ-зрачењето може да ги убие честичките на вирусот САРС-КоВ-2 кои може да се шират преку аеросолите. Овој метод веќе се користи за други микроорганизми, но треба да се напомене дека е штетен за луѓето. Меѓутоа, ламбите со УВЦ-зрачење со кратка бранова должина поставени на таваните би можеле да го дезинфицираат воздухот без да се загрози здравјето на луѓето.
Истражувањето било спроведено на Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон и Универзитетот „Лидс Бекет“. Во него се направила анализа на досега објавени податоци за влијанието на УВ-зрачењето на
коронавирусите. Анализата покажала дека честичките на САРС-КоВ-2 се чувствителни на ултравиолетовите зраци, па затоа нивото на зрачење што би било потребно за убивање на вирусот е безбедно за луѓето.
Фото: Pixabay
Има сè повеќе податоци кои покажуваат дека новиот коронавирус најмногу се шири преку воздухот, особено преку честичките што ги исфрламе при дишењето и говорот, а ризикот за зараза е многу поголем во места што не се проветруваат.
Клајв Бегс, професор на Универзитетот „Лидс Бекет“, вели дека ултравиолетовите ламби веќе се користат за спречување на ширењето на заразни болести, како сипаници и туберкулоза, во затворени простории. Затоа, научниците имаат добра причина да веруваат дека истата технологија би можела да ги заштити и луѓето за време на оваа пандемија и да им помогне да живеат како порано.
Научниците истакнуваат дека проблемот сега е да се најде начин за користење на оваа технологија во зградите.
Извор:
hr.n1info.com