Во однос на признанијата од критичарите и влијанието на мејнстримот, Ејч-би-о има доста голем успех кога станува збор за мини-сериите. И покрај тоа што „Еф-екс“, „Шоутајм“, а сега и „Нетфликс“ и „Амазон прајм видео“ се претставуваат како достојни конкуренти во овој поглед, Ејч-би-о не го изгуби својот шарм, па има одлични мини-серии кои освоиле награди „Еми“, како „Чернобил“ и „Вистински детектив“.
Дури и во првата деценија на 21 век Ејч-би-о имаше одлични серии како „Ангели во Америка“, „Џон Адамс“ и „Браќа по оружје“, кои се сметаат за едни од најдобрите серии на сите времиња. Повеќето од овие мини-серии спаѓаат во категоријата драма, со повремени стилски влијанија од други жанрови, како што е суперхеројската серија „Чувари“ и драмата „По една ноќ“.
Во продолжение се сериите што вреди да ги гледате и кои имаат одлична оцена на познатата веб-страница за филмови „IMDb“.
10. „Можам да те уништам“, 2020 - 8,1
Серија во продукција на Ејч-би-о и Би-би-си. Британската драма е дело на писателката Микаела Коел, чија приказна се врти околу Арабела, самоуверена лондончанка со група добри пријатели и надежна писателска кариера. Но, кога ќе ѝ стават таблета за силување, таа мора да се преиспита себеси и да создаде нов живот.
9. „Ангели во Америка“, 2003 - 8,2
Серијата е концепт на писателот Тони Кушнер, кој има освоено Пулицерова награда, додека Мајк Николс е режисерот. Епидемијата на сида, последователната хомофобија, политиката на Реган и магичниот реализам се судираат во една неверојатна мини-серија што ги освои сите награди „Еми“ за кои беше номинирана. Ал Пачино, Мерил Стрип и Ема Томпсон ја предводат актерската екипа во ова монументално филмско остварување поставено во свет каде што фантазијата и реалноста се допираат.
8. „Олива Китериџ“, 2014 - 8,4
Френсис Мекдорманд, Ричард Џенкинс и Бил Муреј ја предводат актерската екипа во оваа мини-серија, која освои осум награди „Еми“. Мекдорманд е брилијантна во нејзината улога на наставничка која се справува со депресија и семејни проблеми.
7. „Пацифик“, 2010 - 8,3
„Браќа по оружје“ веќе постави висок преседан за воените драми на телевизија. Сепак, „Пацифик“ се чини како достојно продолжение. За разлика од „Браќа по оружје“, оваа серија го насочува вниманието на војниците што се борат во Пацифичката војна.
6. „По една ноќ“, 2016 - 8,5
Мини-серија во осум дела во која се прикажуваат мрачните агли на правосудниот систем во Њујорк каде што млад Американец со потекло од Пакистан се соочува со доказите дека убил девојка. Серијата ги открива социјалните предрасуди и стереотипи со кои често се соочуваат муслиманските имигранти на Западот.
5. „Генерација на убијци“, 2008 - 8,6
Базирана на мемоарите на новинарот Еван Рјатс за инвазијата во Ирак во 2003 година, оваа мини-серија е воена драма го истражува данокот што го зема војната од американските војници, од кои повеќето се страсни, млади регрути.
3. „Џон Адамс“, 2008 - 8,6
Пол Џимати го толкува вториот претседател на САД во оваа мини-серија, која се обидува да се фокусира на улогата на Адамс во основањето на нацијата.
2. „Чернобил“, 2019 - 9,4
Мини-серија што ја прикажува нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа во Чернобил, нејзината последователна трагедија и напорите за помош. Безобразно суров и вознемирувачки реален во портретирањето на последиците, „Чернобил“ открива како секогаш обичниот човек е тој што се соочува со најголемиот товар на пустошот.
1. „Браќа по оружје“, 2001 - 9,4
Во продукција на Том Хенкс и Стивен Спилберг, оваа серија се смета за една од најдобрите воени приказни што треба да се гледаат. Со неверојатна екипа и висока продукциска вредност, мини-серијата се фокусира на членовите на полкот со прекар „Лесно друштво“.
Серијата успешно ја прикажува нивната преобразба од млади луѓе што сакаат акција до уморни војници кои сакаат да излезат од конфликтот.
Извор:
Screenrant.com
Фото: Screenshot/YouTube